Daniela J.

Daniela J.

0 рецензии

10+ часови одржани

Цена

600ден 45мин

Достапност

вто
сре
чет
пет
саб
нед
пон
08-12h
12-16h
16-20h
20-23h

Оквирен распоред за наредните 7 дена. Допрете зелено поле за да изберете точен термин.

Часови за возраст

  • Основно училиште (5-8) одделение
  • Средно училиште
  • Возрасни

За мене

Здраво, јас сум Даниела, наставничка по германски јазик и магистранд на насоката за лингвистика (германски јазик) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Моето професионално искуство се состои, пред сѐ, од петгодишен ангажман како демонстратор на Филолошкиот факултет (УКИМ, Скопје) за стручните предмети од областа на германскиот јазик и на преведувањето. Освен тоа, веќе неколку години одржувам онлајн настава по германски како странски јазик за различни возрасни групи. Часовите по германски јазик ги конципирам и ги приспособувам според потребите на ученикот или на групата, во зависност од предзнаењето и од целите. Мојата настава ја сочинуваат стандардни и конверзациски курсеви од А1 до Б2 ниво, како и подготвителни часови за меѓународно признаените испити по германски јазик (Goethe, telc, DSD I/II, ÖSD). Меѓу другото, со оглед на гореспоменатиот ангажман, дел од наставата се и часовите за подготовка на стручни и факултетски предмети поврзани со германскиот и со македонскиот јазик (преведување, морфологија, синтакса и контрастивна анализа).

Образование

Филолошки факултет „Блаже Конески“ (УКИМ, Скопје)

Рецензии

0 рецензии од ученици