Често поставувани прашања

Чести прашања 

  • Што е тоа  EasyPass?

 EasyPass е дигитална платформа на која може да пронајдеш професори по сите предмети и да закажеш приватни часови.

  • Кои предмети може да се најдат на EasyPass.rs?

Нудимe голем избор на предмети и постојано додаваме некои нови! Листата на сите предмети погледни ја овде.

Како се закажува час?

Одберете си предмет по кој вѝ е потребен приватен час, а потоа од листата на професори одберете си професор со кој сакате да контактирате. Во табелата со  слободни терминие одберете го терминот што вам вѝ одговара. Откако професорот ќе го потврди тој термин ќе вѝ пристигне mail со Zoom link преку кој се вклучувате на часот. Исто така, потврдените термини може да ги видите и на Вашиот EasyPass профил откако ќе се пријавите на страница ‘Почетна’.

  • Што да правам доколку имам некој проблем?

Доколку на платформата имате каков било проблем, Вѐ молиме пишете нѝ на support@easypass.rs или easypass.rs@gmail.com.

  • Зошто морам да се регистрирам за да може да закажам час?

Потребно е само да нѝ ги оставите вашето име, презиме и mail адресата. Вашите податоци се безбедни и нема да бидат користени за други намени вон оваа платформа.

  • Како се одржуваат часови?

Часови се одржуваат online преку Easy училница. Кога ќе го закажете часот, ќе добиете link кој вѐ води на час и сѐ што е потребно е во договореното време да кликнете на тој link.

Како да го платам часот?

Во договор со професорот ќе го платите или во текот на одржувањето на часот или по завршувањето на часот, по цена што е истакната на профилот на професорот.

Како да ги знам термините на одржувувањето на приватните часови?

Професорите сами одбираат термини во кои ќе работат и колку ќе работат. На профилот на секој професор ќе видите календар со обележани достапни термини.

  •  Може ли да откажам час?

Часот може да го откажете најдоцна 24 часа пред закажаниот термин, во спротивно часот ќе биде наплатен како бил одржан. На тој начин го цениме времето на професорот, а вас вѝ овозможуваме на време да се подготвите за секој закажан час.

За професори

  • Како да се регистрирате како професор?

Кога ќе кликнете врз полето Регистрирање на професор, ќе Вѝ се отвори формулар којшто треба да го пополните за да си го креирате својот профил. Обрнете внимание, треба да ги пополните сите податоци обележани како задолжителни. Потребно е да го потврдите вашиот mail. Потоа, профилот автоматски ќе биде активен и достапен за закажување термини на часови. 

2. Колку плаќам за користење на платформата?

Регистрирањето е бесплатно, а за да можете да прифатите одржување на час и да го одржите закажаниот час потребно е да одберете и платите еден од претплатните пакети:

3. На кој начин се плаќа членарина?

Одбраниот претплатен пакет може да го платите со уплата на сметка, по пат на m-bаnking или со уплатница. Сите детали за плаќање може да ги погледнете на вашиот профил во делот Претплата.

4. Како ќе знам дека имам закажан час?

На Вашиот профил ќе Вѝ пристигне mail и известување дека имате упит за држење час во одреден термин. Имате опција да Прифатите, Одбиете или Одложите термин. 

5.  Како да го пополнам мојот календар?

На вашиот профил, во делот Календар, треба да обележите термини во кои ќе сте достапни за држење приватни часови. Тоа го правите едноставно, со клик врз датата што сте ја одбрале, таа тогаш станува обележана со зелена боја, со што сте означиле термин во кој сте достапни. Потоа треба да кликнете врз копчето “Сочувај измени” и со тоа терминот ќе биде сочуван.

6. Не можам да се пријавам, што да направам?

Кликнете врз “Заборавена лозинка”. Ќе Ви стигне mail со инструкции како да си креирате нова лозинка.

7. Како да ги изменам податоците внесени во профилот?

Откако ќе се пријавите на вашиот профил, во делот Профил може да смените што и да посакате. 

8. Како се наплатуваат одржаните часови?

Одржаните часови ги наплатувате во договор со ученикот или со неговиот родител,  без наше посредување.
За случај да имате редовни и групни часови, добивате месечна уплата којашто однапред е договорена.

Тука сме за сите ваши прашања, слободно пишите на support@easypass.rs. Вашето мислење нам ни е важно!