Плати умно и учи ефективно

Научете англиски - индивидуални online часови по ваша мерка

Сакате бргу и ефикасно да научите англиски? Нашите индивидуални часови се совршено решение за вас! Со персонализиран пристап и внимателно осмислената програма, нашите стручни професори ќе вѝ помогнат да изградите цврсти темели и да се стекнете со практични јазични вештини кои ќе ги користите во реални животни ситуации. Со најсовремените методи на учење ќе откриете дека учење англиски јазик е возбудливо патување кое вѐ води кон остварувањето на вашите цели.

+
4.9 просечна оценка · 4.000+ професора
Полазничка на онлајн часот по англиски
English
Англиски
Научете англиски
“Здраво! Уживам да ве запознам.”
Онлајн час
1-на-1 со предавачот
A1 → C2
напредок кој се гледа
4.000+
проверени професори
30.000+
одржани часови
4.9★
просечна оценка на часот
30+
јазици на платформата
Индивидуален онлајн час
1:1секој час посветен само на вас
Зошто EasyPass

Зошто нашите пакет часови по англиски јазик се вистински избор за вас?

Затоа што веруваме дека учењето англиски треба да е:

Индивидуално и персонализирано

Нашите часови се индивидуални, што значи дека професорот е фокусиран само кон вас и вашите потреби. Заборавете ги групните часови, таму може да се изгуби драгоцено време.

Усогласено со вашите обврски и слободното време

Учете кога тоа вас вѝ одговара, не ги попречувајте другите ваши обврски. Термините за учење сами ги одбирате и, часовите сами си ги закажувате.

Ефикасно користење на вашето време

Часот по англиски трае еден час, а нашите искусни професори користат проверени методи за секој час да биде максимално искористен.

Прилагоден буџет

Вѝ нудиме различни пакети на часови по пристапни цени. Со можност учењето на англискиот да го плаќате на рати, учењето станува уште подостапно. За повеќе информации пополнете го формуларот OVDE

Фокусирани на Вас

Доколку не сте задоволни со одбраниот професор, можете да го смените со друг професор во кој и да било момент. Вашето задоволство нас нѝ е на прво место.

Учење англиски дома
Нови хоризонти

Вложување во знаењето англиски е инвестиција што повеќекратно се исплати

Отворете ги своите врати за нови можности, унапредете ја вашата кариера, патувајте безгрижно и комуницирајте со светот околу вас без јазични бариери.

Приклучете се кон EasyPass
Вашата цел е наша мисија

Учењето англиски е кроено по ваша мерка!

Заборавете го учењето со примена на традиционални принципи, со читање лекции и учење исклучиво граматика - тоа не соодветствува на вашите потреби. Нашите часови по англиски се дизајнирани да ве доведат до целта, било да е тоа:

1
Сертификација на вашето познавање на англискиот јазик

Сакате официјална потврда на нивото на вашето знаење? Ве подготвуваме за IELTS, TOEFL, A1-C1, или кој и да e било друг испит.

2
Разговорен англиски

Сонувате за тоа да зборувате англиски течно и без размислување? Нашата програма за разговор ќе ви помогне да се ослободите од страв и да уживате во комуникацијата на англиски.

3
Деловен англиски

Сакате да ја унапредите вашата кариера и со колегите од целиот свет непречено да комуницирате? Нашиот деловен англиски ќе вѐ опреми со вештини потребни за успешна комуникација во глобалното деловно опкружување.

Подготовка за сертификати
Процес во 4 чекори

Како го правиме тоа?

01
Ја дефинираме вашата цел

Заеднички ќе утврдиме што е тоа што сакате да го постигнете со учење англиски јазик.

02
Креираме персонализиран план за вас

Врз основа на целта што сте ја поставиле и, имајќи го во предвид и нивото на вашето знаење и стилот на учењето, ние ја креираме програмата која што вас најбрзо ќе вѐ доведе до резултат.

03
Го следиме вашето напредување

Редовно ќе го проверуваме вашето знаење, а планот на учењето ќе го прилагодуваме така што вие максимално ќе напредувате.

04
Го прославуваме вашиот успех

Откако ќе ја остварите поставената цел, ние ќе бидеме тука за да прославиме со вас

Утисци на полазниците

Илјадници полазници веќе зборуваат англиски самоувереност

По само три месеци часови конечно не се плашам да зборувам на состаноците со странски колеги. Професорот го прилагоди сè на мојата работа и темпо.

Милица Ј.
Маркетинг менаџер

Положив IELTS со 7.5! Часовите беа одлично организирани, а флексибилните термини ми овозможија да учам покрај факултетот.

Андјела П.
Студентка

Работам од дома и онлајн часовите ми се совршено легнаа. Напредував од A2 на B2 и сега без проблем водам состаноци на англиски.

Стефан М.
Софтверски развивач
Пакети часови

Изберете пакет кој одговара на вашиот цел

Мал пакет
10 часа
170€

Идеално за почетници или за тие кои сакаат да си го освежат веќе постоечкото знаење на јазикот. Совладајте ги основните фрази и граматика потребна за едноставна комуникација.

  • 1 час = 60 минути
  • Часовите можете да ги искористите во период од 3 месеци
Избери пакет
Најпопуларни
Среден пакет
20 часови
320€

Проширете го својот вокабулар и стекнете самодоверба во говорот и пишувањето. Погодно за постигнување средно ниво на знаење (B1).

  • 1 час = 60 минут1
  • Часовите можете да ги искористите во период од 4 месеци
Избери пакет
Голем пакет
30 часови
420€

Усовршете ја граматиката, изговорот и разбирање на посложени текстови. Идеално за тие што се амбициозни и се стремат кон високо ниво на знаење (B2-C1).

  • 1 час = 60 минути
  • Часовите можете да ги искористите во период од 5 месеци
Избери пакет
Повеќе од часови

Со купување пакет часови добивате повеќе од само учење англиски, односно добивате и:

Континуитет и напредување

Со пакет часови си обезбедувате континуитет во учењето, а тоа вѝ носи загарантирано напредување.

Заштеда на пари

Пакет часовите се поповолни од поединечно плаќање на поединечни часови, што значи дека за ваште пари добивате многу повеќе.

Заштеда на времето

Не мора да се грижите околу постојано барање професор, закажување и плаќање на часови. Со една уплата на пакетот, вас вѝ останува само да се фокусирате на учење.

Спокојство

Ние вѝ стоиме на располагање како поддршка, а за сите прашања можете да нѐ контактирате преку support@easypass.rs

Флексибилност

Часовите траат еден час, можете да ги закажувате во термини кои вас вѝ одговараат.

Како изгледа учењето

Сè што прави EasyPass час различен

Учете со одбраниот професор 1 на 1, без никој да вѝ попречува и учете со темпо кое вас вѝ одговара.

Онлајн час во виртуелна училница

Во виртуелната Easy училница наставата се одвива online, со присуство на професор.

Покрај англиски јазик, вѝ нудиме и часови по германски, италијански, шпански и француски и уште 30 други јазици.

Без разлика дали сте почетник или сакате да го усовршите своето знаење, ние имаме програма за вас (A1–C1), а часовите се наменети за сите нивоа на знаење и за сите возрасни групи.

Подготовка за IELTS

За најдобри резултати препорачуваме неделно 2–3 часа од по 60 минути.

Одберете пакет од 10, 20 или 30 часови, зависно од вашите цели и потреби.

Нашите професори се со долгогодишно искуство во подучување јазик и посветени му се на вашиот успех.

100% сигурни

За да бидете 100% сигурни

Пакетот на часови може да го откажете во секој момент и тоа во текот на траењето на пакетот! До сега не сме имале ниту едно такво барање, но вѝ стоиме на располагање и за замена на професор доколку во кој и да било момент побарате такво нешто!

Час со предавач 1-на-1
Чести прашања

Чести прашања за онлајн часовите по англиски јазик

Колку трае часот по англиски јазик и по што се разликува од стандардниот приватен час?

Еден час по англиски од пакетот на EasyPass трае 60 минути. Стандардните приватни часови кои се закажуваат поединечно преку профилот на професорот траат 45 минути. Освен подолгото траење, пакетите се замислени како континуирана програма која се прилагодува на вашето ниво, темпо и цел на учење.

Што добивам со купување пакет онлајн часови по англиски?

Пакетот опфаќа индивидуални часови од 60 минути со професор, персонализиран план за учење, подготовки кои ја следат наставата, снимки од одржаните часови, предност при закажување термини и поддршка од тимот на EasyPass. Снимките можете да ги користите за повторување на објаснувањата на професорот и за дополнителна вежба меѓу часовите. Периодот во кој можете да ги искористите часовите зависи од избраниот пакет. Малиот пакет опфаќа 10 часа кои можете да ги искористите во период од три месеци, средниот пакет 20 часа во период од четири месеци, а големиот пакет 30 часа во период од пет месеци.

Како се закажуваат, поместуваат и откажуваат часовите?

Термините ги избирате според вашите обврски и достапноста на професорот, а корисниците на пакет имаат предност при закажување. Ако сакате да поместите или откажете час, потребно е тоа да го направите најмалку 24 часа пред договорениот термин. Во спротивно, часот ќе биде пресметан како одржан.

Кој ги води часовите и дали можам да го променам професорот?

Часовите ги водат искусни и проверени професори по англиски јазик. Платформата EasyPass има повеќе од 4.000 проверени професори, повеќе од 30.000 одржани часови и просечна оценка на час 4,9. Оценките и коментарите на слушателите даваат дополнителен увид во квалитетот на наставата. Ако начинот на работа на професорот не ви одговара, можете да побарате промена во кој било момент додека трае пакетот.

Дали онлајн часовите по англиски се погодни за почетници?

Да. Индивидуалните онлајн часови по англиски се наменети за слушатели од сите возрасти и нивоа на знаење, од A1 до C2. Ако сте почетник, професорот ќе го прилагоди планот на вашето предзнаење и ќе ви помогне постепено да го развивате вокабуларот, граматиката, изговорот и сигурноста во комуникацијата.

Дали можам да учам деловен или конверзациски англиски и да се подготвувам за испити?

Да. Програмата може да биде насочена кон секојдневна конверзација, потечен говор, деловни состаноци, презентации, интервјуа за работа и пишување деловни е-пошти. Достапна е и подготовка за IELTS, TOEFL и Cambridge испитите. EasyPass нуди подготовка за полагање, но не издава меѓународни сертификати.

Колку чинат онлајн часовите по англиски јазик и како да го изберам вистинскиот пакет?

Актуелните цени, бројот на часови и периодот во кој можете да ги искористите се јасно наведени во делот Изберете пакет кој одговара на вашиот цел. Пакетот го избирате според вашето ниво на знаење, целта, расположливото време и саканата динамика на учење. Достапна е и можност за плаќање на рати.

Дали EasyPass нуди онлајн часови по други јазици и предмети?

Да. Освен англиски, достапни се онлајн часови по германски јазик, онлајн часови по француски јазик, онлајн часови по италијански јазик и онлајн часови по шпански јазик. На платформата можете да најдете и професори по математика, физика, хемија, македонски јазик, географија, историја и други природни и општествени науки. Достапни се и часови по програмирање, вклучувајќи Python, Java, C#, HTML и CSS, како и бази на податоци. Целосната понуда можете да ја најдете на страницата сите приватни часови и професори.

Каде можам онлајн да учам англиски јазик и како да се пријавам?

Англискиот јазик можете да го учите онлајн на платформата EasyPass, преку индивидуални часови од 60 минути со искусни и проверени професори. За дополнителни информации посетете ја нашата контакт страницата и испратете ни порака. Можете и да ги оставите вашите податоци, по што тимот на EasyPass ќе ве контактира во најкраток рок и ќе ви помогне да ја изберете соодветната програма и пакет часови.

Закажете бесплатен состанок

Оставете нѝ ги вашите податоци, заедно ќе го креираме пакетот на часови кој ќе е идеален за вас.

Закажете бесплатен состанок

Оставете нѝ ги вашите податоци, заедно ќе го креираме пакетот на часови кој ќе е идеален за вас.

Вкупен износ:20,000 RSD

Не сте сигурни? Контактирајте нè преку е-пошта
или јавете ни се на: +381631126482 или +381606205414