Плати умно и учи ефективно

Научете француски online: Вашиот пат кон течно зборување на јазикот, културното богатство и професионален успех

Францускиот јазик е познат како јазик на љубовта, уметноста, дипломатијата и деловните прилики. Без оглед на тоа дали сонувате за прошетки низ париските авении, разговор со локални жители во Прованса, читање класичната литература во оригинал или за напредување во кариерата, нашите online часови по француски се вашата отскочна даска кон остварувањена тие ваши соништа.

+
4.9 просечна оценка · 4.000+ професора
Полазничка на онлајн часот по француски
English
Француски
Parlez français
créer le futur ♥
Онлајн час
1-на-1 со предавачот
A1 → C1
напредок кој се гледа
4.000+
проверени професори
30.000+
одржани часови
4.9★
просечна оценка на часот
30+
јазици на платформата
Индивидуален онлајн час
1:1секој час посветен само на вас
Зошто EasyPass

Зошто да ги одберете нашите online пакети на часови по француски?

Учењето француски online ги отвора вратите кон неограничени можности. Нашите часови вѝ нудат:

Флексибилност

Учете кога и каде ќе посакате, прилагодено кон вашето животно темпо.

Персонализиран пристап

Нашите искусни професори креираат индивидуален план за учење, со фокусирање врз вашите специфични потреби и цели.

Интерактивност

Учествувајте во динамични часови, вежбајте конверзација со изворни говорници и учете низ забавни активности.

Нуркање во културното благо

Откривајте го богатството на француската култура, историја и уметност низ автентични материјали и дискусии.

Технолошка поддршка

Користете ја нашата модерна online платформа за учење, таа вѝ овозможува пристап кон разновидни ресурси и алати за следење на вашето напредување

Учење француски дома
Нови хоризонти

Вложување во знаењето на францускиот јазик е инвестиција која повеќекратно вѝ се исплатува

Отворете ги вратите кон новите можности, унапредете ја вашата кариера, патувајте безгрижно и комуницирајте со светот без јазички бариери.

Приклучете се кон EasyPass
Вашата цел е наша мисија

Учење француски е кроено по ваша мерка

Пакети online часови по француски се прилагодени кон различни нивоа на познавањето на јазикот и кон поединечните цели како што се:

1
Сертификација на вашето знаење на францускиот јазик

Сакате официјална потврда на нивото на вашето знаење? Ве подготвуваме за IELTS, TOEFL, A1-C1, или кој и да e било друг испит.

2
Разговорен француски

Сонувате за тоа да зборувате француски течно и без размислување? Нашата конверзациска програма ќе ви помогне да се ослободите од стравот и да уживате во комуникацијата.

3
Деловен француски

Сакате да ја унапредите својата кариера и да комуницирате со колеги од целиот свет? Нашиот деловен француски ќе вѐ опреми со вештини неопходни за успешна комуникација во глобалното деловно опкружување.

Подготовка за сертификати
Процес во 4 чекори

Како го постигнуваме тоа?

01
Ја дефинираме вашата цел

Заеднички ќе утврдиме што е тоа што сакате да го постигнете со учење француски јазик.

02
Креираме персонализиран план за вас

Врз основа на целта што сте ја поставиле и, имајќи го во предвид и нивото на вашето знаење и стилот на учењето, ние ја креираме програмата која што вас најбрзо ќе вѐ доведе до саканиот резултат.

03
Го следиме вашето напредување

Редовно ќе го проверуваме вашето знаење, а планот на учењето ќе го прилагодуваме така што вие максимално ќе напредувате.

04
Го прославуваме вашиот успех

Откако ќе ја остварите поставената цел, ние ќе бидеме тука за да прославиме со вас!

Утисци на полазниците

Илјадници полазници веќе зборуваат француски самоувереност

По само три месеци часови конечно не се плашам да зборувам на состаноците со странски колеги. Професорот го прилагоди сè на мојата работа и темпо.

Милица Ј.
Маркетинг менаџер

Положив DELF со одличен резултат! Часовите беа одлично организирани, а флексибилните термини ми овозможија да учам покрај факултетот.

Андјела П.
Студентка

Работам од дома и онлајн часовите ми се совршено легнаа. Напредував од A2 на B2 и сега без проблем водам состаноци на француски.

Стефан М.
Софтверски развивач
Пакети часови

Изберете пакет кој одговара на вашиот цел

Мал пакет
10 часа
170€

Идеално за почетници или за тие кои сакаат да си го освежат веќе постоечкото знаење на јазикот. Совладајте ги основните фрази и граматика потребна за едноставна комуникација.

  • 1 час = 60 минути
  • Часовите можете да ги искористите во период од 3 месеци
Избери пакет
Најпопуларни
Среден пакет
20 часови
320€

Проширете го својот вокабулар и стекнете самодоверба во говорот и пишувањето. Погодно за постигнување средно ниво на знаење (B1).

  • 1 час = 60 минути
  • Часовите можете да ги искористите во период од 4 месеци
Избери пакет
Голем пакет
30 часови
420€

Усовршете ја граматиката, изговорот и разбирање на посложени текстови. Идеално за тие што се амбициозни и се стремат кон високо ниво на знаење (B2-C1).

  • 1 час = 60 минути
  • Часовите можете да ги искористите во период од 5 месеци
Избери пакет
Повеќе од часови

Со купување пакет часови добивате повеќе од само учење француски, односно добивате и:

Континуитет и напредување

Со пакет часови си обезбедувате континуитет во учењето, а тоа вѝ носи загарантирано напредување.

Заштеда на пари

Пакет часовите се поповолни од поединечно плаќање на поединечни часови, што значи дека за ваште пари добивате многу повеќе.

Заштеда на времето

Не мора да се грижите околу постојано барање професор, закажување и плаќање на часови. Со една уплата на пакетот, вас вѝ останува само да се фокусирате на учење.

Спокојство

Ние вѝ стоиме на располагање како поддршка, а за сите прашања можете да нѐ контактирате преку support@easypass.rs

Флексибилност

Часовите траат еден час, можете да ги закажувате во термини кои вас вѝ одговараат.

Како изгледа учењето

Сè што прави EasyPass час различен

Учете со професорот 1 на 1, без никој да вѝ попречува и учете со темпо кое вас вѝ одговара.

Онлајн час во виртуелна училница

Во виртуелната Easy училница наставата се одвива online, со присуство на професор.

Покрај францускиот, вѝ нудиме и часови по англиски, германски, италијански, шпански и уште 30 други јазици.

Било да сте почетник или сакате да го усовршите своето знаење, ние имаме програма за вас (A1–C1) и часови наменети за сите нивоа на знаење и за сите возрасни групи.

Подготовка за DELF

За најдобри резултати препорачуваме неделно 2–3 часа од по 60 минути.

Одберете пакет од 10, 20 или 30 часови, зависно од вашите цели и потреби.

Нашите професори се со долгогодишно искуство во подучување јазик и посветени се на вашиот успех.

100% сигурни

Да бидете 100% сигурни

Пакетот на часовите можете да го откажете во секој момент во текот на неговото траење! До сега не сме имале ниту едно такво барање, но вѝ стоиме на располагање за замена на професор доколку побарате такво нешто во кој и да било момент!

Час со предавач 1-на-1
Чести прашања

Чести прашања за онлајн часовите по француски јазик

Како изгледаат индивидуалните онлајн часови по француски јазик?

Онлајн часовите по француски јазик се одржуваат преку интернет, во однапред договорен термин, еден на еден со професорот. Секој час трае 60 минути, а професорот ги прилагодува материјалот, објаснувањата, вежбите и темпото на работа на вашето ниво на знаење и цели.

Дали можам да следам часови по француски јазик ако сум целосен почетник?

Да, онлајн часовите по француски јазик се наменети за сите нивоа на знаење, од A1 до C1. Програмата е погодна за целосни почетници, но и за слушатели кои сакаат да го обноват знаењето, да го подобрат изговорот или да достигнат напредно ниво. Часовите можат да ги следат слушатели од различни возрасти.

Колкава е цената на онлајн часовите по француски јазик?

Цената на онлајн часовите по француски јазик зависи од избраниот пакет. Актуелните цени и деталите најдете ги во делот Изберете пакет кој одговара на вашиот цел. Можете да изберете пакет од 10, 20 или 30 индивидуални часа, а секој час трае 60 минути. Пакетот од 10 часа можете да го искористите во рок до три месеци, пакетот од 20 часа до четири месеци, а пакетот од 30 часа до пет месеци.

Кој пакет часови по француски јазик да го изберам?

Пакетот од 10 часа им одговара на почетниците и на слушателите кои сакаат да го обноват знаењето. Пакетот од 20 часа дава повеќе време за развој на вокабуларот, граматиката и сигурноста во разговорот. Пакетот од 30 часа е наменет за оние кои сакаат поинтензивна работа на изговорот, пишувањето и разбирањето на посложени содржини. Изборот на пакет зависи од вашето тековно ниво и резултатите што сакате да ги постигнете.

Колку често се одржуваат онлајн часовите по француски?

Термините ги избирате според вашите обврски и договорот со професорот. За континуитет во учењето и видлив напредок се препорачуваат два до три часа неделно. Планот и динамиката на наставата можат да се прилагодат на времето што ви е на располагање.

Дали можам да учам конверзациски или деловен француски јазик?

Да, содржината на часовите се прилагодува на причината поради која учите француски. Можете да се насочите кон секојдневна конверзација, поправилен изговор, проширување на вокабуларот или деловен француски. Вежбите можат да опфатат разговори, состаноци, презентации, деловна преписка и други ситуации во кои ќе го користите јазикот.

Дали часовите опфаќаат подготовка за DELF, DALF и TCF?

Да, индивидуалниот план може да биде насочен кон подготовка за DELF, DALF, TCF или друг испит по француски јазик. Професорот ќе ја прилагоди работата на нивото за кое се подготвувате и ќе ви помогне да ги развиете потребните вештини, да ја запознаете структурата на задачите и посигурно да пристапите кон полагањето.

Дали можам да го променам професорот додека трае пакетот?

Да, професорот можете да го промените во кој било момент додека трае пакетот. На тој начин можете да го продолжите учењето со професор чиј начин на објаснување, темпо на работа и пристап повеќе ви одговараат.

Што уште можам да учам на платформата EasyPass?

Освен француски, на платформата EasyPass се достапни и онлајн часови по англиски јазик, онлајн часови по германски јазик, онлајн часови по шпански јазик и онлајн часови по италијански јазик. Можете да најдете и професори за програмирање, како и приватни часови од областа на природните и општествените науки, меѓу кои се математика, физика, хемија, географија и историја. EasyPass така на едно место го поврзува учењето јазици, совладувањето на училишниот материјал и развојот на нови вештини.

Како можам да се пријавам за онлајн часови по француски јазик?

Потребно е да изберете пакет од 10, 20 или 30 часа и да го пополните пријавниот образец. По испраќањето на пријавата, тимот на EasyPass ќе ве контактира за договор околу професорот, термините и почетокот на наставата.

Закажете бесплатен состанок

Оставете нѝ ги вашите податоци, заедно ќе го креираме пакетот на часови кој ќе е идеален за вас.

Закажете бесплатен состанок

Оставете нѝ ги вашите податоци, заедно ќе го креираме пакетот на часови кој ќе е идеален за вас.

Вкупен износ:20,000 RSD

Не сте сигурни? Контактирајте нè преку е-пошта
или јавете ни се на: +381631126482 или +381606205414