Назад

Последни подготовки за завршниот тест

Последни подготовки за завршниот тест

окт 2025.

Ти остана уште малку време да ги одработиш последните подготовки за завршниот тест?

Се прашуваш кој е најдобриот начин да го обновиш градивото пред важниот датум?

Затоа во овој блог ги издвојуваме најдобрите тактики што можеш да ги искористиш за успешно да го обновиш целото градиво!


КАРТИЧКИ ЗА УЧЕЊЕ (FLASHCARDS)

Основната идеја е следна: На едната страна од картичката се запишува прашање, а на другата страна одговорот.

Како тоа изгледа во пракса?

На пример, една недела пред тестот по физика сакаш да повторуваш само формули. Наместо секој пат да губиш време барајќи ги формулите во тетратки и книги, можеш да:

  • На едната страна од картичката запишеш која формула е во прашање (нпр. формула за потенцијална енергија), а на другата ја запишеш самата формула. P.S. Одговорот е Ep = m·g·h
  • Или… ти е тешко да ги запаметиш сите битки и датуми во историја? Овие картички се идеален помошник! На едната страна запиши „Битката кај Брегалница“, а на другата „1913 година“.

Сигурно ти е веќе јасно дека картичките се супер работа. А каде можеш да ги „набавиш“?

  • Можеш сам да ги направиш и така да ја избереш големината што ти одговара. Потребни ти се само тетратка (хартија) и ножици.
  • Ако имаш принтер или не ти е проблем да отидеш до копирница, можеш да ги направиш и во Word или Excel.
  • Можеш да купиш готови картички во книжара или да ги нарачаш преку интернет.
  • Можеби и најлесната опција – да направиш картички на разни веб-сајтови или во апликации.

Сајтови за картички: Flippity, Cram, GoConqr, Brainscape, FlashDecks.


ПОМОШ ОД ПРИЈАТЕЛИ

Полесно е во двојка. Или во тројка. Ти избери. Повикај друштво.

Ако себеси се опишуваш како друштвена личност што сака да поминува време со пријатели… време е да споиш убаво и корисно… и да направиш квиз!

P.S. Ако си некој што сака да учи сам, по можност во тишина (а има многу такви), можеби е време да ја промениш рутината и да им дадеш шанса на пријателите да те научат нешто ново!

За побрз процес, поделете се во две или три екипи.

Секоја екипа нека биде задолжена за градивото што најдобро го знае, односно да направи квиз што го покрива тој дел. А можете да се поделите и по предмети.

Еве ти (ви) популарен сајт за правење квизови – Quiz Maker.

И да не заборавиме… Секој од вас може да направи свои картички и да ги подели со останатите.


ПОМОШ ОД ПРОФЕСОРИ

Најдобра опција ако сè уште има нешто што не ти е јасно, ако има досадно градиво што никако не ти „влегува во глава“ или ти останало баш малку време до завршниот тест.

Извонредно е важно да излезеш на тест подготвен/а, без или со минимална трема, и што е најважно – сигурен/а дека си дал/а сè од себе! Тоа е еден од предусловите да се чувствуваш смирено и успешно да ја совладаш тремата.

Голем број професори на EasyPass платформата се тука за да им помогнат на учениците и студентите да се подготват за најважните тестови во текот на нивното школување.

Без губење дополнително време, можеш да закажеш час што се одржува онлајн и да добиеш помош од професори со долгогодишно искуство.


ТЕСТОВИ ОД ПРЕТХОДНИ ГОДИНИ

Practice makes perfect!

Веројатно и самиот/ата знаеш дека ова е речиси задолжителен дел од подготовките за секој тест – сигурна тактика не само за проверка на знаењето, туку и за повторување на наученото преку решавање веќе направени тестови.

А сега нешто на што можеби не си помислил/а:

Кога веќе си решил/а да го тестираш своето знаење – направи го тоа како што треба!

За вистинска проверка, неопходно е да ги реплицираш условите што те очекуваат на самиот тест. На пример:

  • Рано утро, ти на клупа, тест и молив на маса, ограничено време, без пауза за тоалет
  • Намести тајмер на телефонот иии… Ready, set, go!

Сподели на мрежи