Назад

Неколку начини за подобро образование на децата од предучилишна возраст

Неколку начини за подобро образование на децата од предучилишна возраст

септ 2025.



Замислете парк полн со деца, ситуација како во преполна кошница, децата си играат, но всушност преку игра учат. Ако ги набљудувате повнимателно, ќе забележите разновидност во пристапот при интеракцијата со светот околу нив и тоа веднаш ќе ви падне во очи. Токму таа разновидност на пристапи во исти ситуации покажува дека децата учат на различен начин.
Некои деца учат со гледање, некои со слушање, читање или дејствување. Кога на детето ќе му овозможите различни начини на учење, ќе можете да увидите кој стил му одговара токму нему, и тоа ќе има повеќе желба да стекнува нови знаења. Затоа е многу важно најпрво да се сфати на кој начин одредено дете учи.
Се разбира, мора да се истакне дека постојат и делови кои се многу важни за секое дете без разлика на различните пристапи на учење. Децата користат предмети на разни начини, кога детето експериментира, истражува и создава со широк спектар на материјали, тоа најдобро се учи да решава проблеми во ситуации кога нема “точен” одговор. Неколку начини за подобро образование на децата од предучилишна возраст се:

– Овозможете им на децата учење преку игра и истражување.
Зашто тоа го поттикнува детското право на иницијатива и учество во одлучувањето не само за тоа што ќе учат, туку и како ќе учат, односно на кој начин ќе учествуваат во процесот. До седмата година е времето кога на децата најмногу им е потребна физичка активност, стимулација на сетилата за да се развие физичка и ментална подготвеност. Со игри на отворено тоа најдобро се постигнува, ако децата во предучилишна возраст не поминуваат доволно време надвор во слободна игра и физички активности, учењето може подоцна да биде потешко.

– Дозволете им во умерена количина да истражуваат нови технологии.
Денес сме сведоци дека во сè поголема мера се креираат апликации кои се наменети за развој на детските способности и креативност. Според инструкциите на Американската академија за педијатрија, бебињата и децата до две години треба што помалку да се изложуваат на содржини на телевизија и интернет. Меѓутоа, децата од предучилишна возраст можат да гледаат телевизија еден час дневно, само доколку станува збор за квалитетни програми наменети за нив, а некои од нив се: The Backyardigans, Bubble Guppies, Team Umizoomi, Between the Lions (Nickelodeon), Super Why (PBS Kids) и многу други. YouTube нуди многу едукативни линкови кои се добри за вашето дете, иако децата не знаат да читаат или да користат интернет, тие многу брзо памтат како да најдат содржина која сакаат да ја гледаат на паметен уред. Иако ваквиот вид активност на децата денес често се смета за негативен, тој е сè поприсутен и потребно е само да се контролира употребата на паметни уреди, но не и целосно да им се оневозможи пристапот.

– Пуштајте му музика на детето.
Психолозите откриле дека изложувањето на детето на музика во рана возраст може да му помогне подобро да памти и да учи. Вежбите за дишење и терапевтските вежби покажуваат слични предности.

– Активности за развој на моторика и игри за одржување на рамнотежа.
Децата треба што повеќе да бидат вклучени во активности кои ќе им помогнат да развијат вештини на груба моторика како што се трчање, скокање или прескокнување. Вештините на грубата моторика може да се научат и подобрат преку вежбање, па затоа на децата треба да им се овозможи што повеќе прилики да бидат физички активни.

Не заборавајте дека предучилишното образование е исклучително важно!
Соодветната средина за стекнување нови знаења за вашето дете започнува во градинка. Основното и средното образование ги зголемуваат интелектуалните способности на вашето дете само за 25%, и затоа е важно детето да посетува добри и квалитетни предучилишни програми. Врската помеѓу интелигенцијата и образованието е предмет на истражување многу години, а истражувачите откриле дека времето кое децата го поминуваат во училиште е во голема мера поврзано со резултатите кои ги постигнуваат на тестовите за интелигенција. Како објаснување за оваа теза се наведува дека во училиштето децата учат да размислуваат, да одговараат на прашања, да решаваат проблеми и да стекнуваат знаења од поединечни области, што ги подготвува за решавање прашања кои се јавуваат на тестовите, дури и на оние кои ја мерат интелигенцијата.

Сподели на мрежи