
Најпопуларни програмски јазици за учење во 2025
окт 2025.
За сите вас кои сакате да навлезете во програмерските води, а притоа да не ја изгубите главата – составивме листа од 6 најпопуларни програмски јазици.
Податоците за најрелевантните програмски јазици ги преземавме директно од епицентарот на ИТ заедницата – Stack Overflow, јавна платформа која месечно користат 100 милиони луѓе, што ја прави една од најпопуларните веб-страници во светот.
На вашиот пат кон ИТ индустријата, Stack Overflow може да биде корисен сопатник. Основната мисија на нивната платформа е да им овозможи на луѓето да поставуваат прашања, да учат и да споделуваат техничко знаење.
Време е да се позанимаваме со главната тема на овој блог – краток опис, како и намената на секој од моментално најбараните програмски јазици.
JavaScript
JavaScript е, деветта година по ред, најчесто користен програмски јазик.
Тоа е скриптен програмски јазик (јазик чиј код најчесто се извршува преку интерпретација). А можеме слободно да кажеме дека JavaScript е и веб програмски јазик.
Во извештајот на Stack Overflow стои податок дека во 2021 година JavaScript го користеле скоро 69% од програмерите.
Оваа бројка ни кажува нешто многу важно – JavaScript никако не може да биде погрешен избор за почетници.
JavaScript најчесто се користи за frontend програмирање, кога целта е веб-страниците и апликациите да бидат динамични и интерактивни.
Server Side JavaScript (SSJS) е проширена верзија на JavaScript која овозможува пристап до бази на податоци, системи со датотеки и сервери. Работно опкружување за користење на оваа верзија е Node.js.
За почетниците, JavaScript е доста интуитивен јазик. Иако има репутација дека е комплициран, додека стигнете до тие делови, веќе нема да бидете почетници.
HTML/CSS
Иако технички не се програмски јазици, HTML и CSS се неопходни за сите што сакаат да се занимаваат со веб-развој.
Во 2021 година, скоро 56% од програмерите изјавиле дека користат HTML/CSS.
- HTML го дефинира содржајот и структурата на веб-страниците и е markup јазик.
- CSS го дефинира изгледот и стилот на страниците.
Учењето HTML и CSS е одличен начин да стекнете чувство за кодирање на веб-страници без веднаш да навлегувате во посложени програмски јазици.
Python
Python во 2021 година го замени местото со SQL и стана трет најпопуларен програмски јазик.
Овој јазик има едноставна синтакса и затоа е идеален за почетници. Брзо се учи, а првите проекти може да се направат за кратко време.
Python е јазик со широка примена: развој на софтвер, анализа на податоци, машинско учење, web development, и многу повеќе.
SQL
SQL (Structured Query Language) е стандардниот јазик за управување со релациони бази на податоци.
SQL не е за „правење“ апликации, туку има специјализирана функција: работа со податоци – складирање, пребарување, анализа.
Ако сакате да се занимавате со податоци, SQL е задолжителен избор.
Java
Java е јазик со општа намена кој е многу популарен и често се користи.
Во анкетата на Stack Overflow, 34.51% од програмерите изјавиле дека го користат Java.
Java функционира на скоро секој уред благодарение на Java Virtual Machine (JVM). Најчесто се користи за backend апликации и мобилни апликации.
Интересен факт: Android OS е заснован на Java.
Дополнително, ако ве интересира развој на мобилни апликации за Apple уреди, можете да учите Swift – првиот избор за iOS програмери.
C, C++ и C#
- C – стар, но и понатаму многу важен јазик. Се користи за оперативни системи, драјвери и низок системски код. Добар е за почетници кои сакаат да ја разберат основата на програмирањето.
- C++ – проширена верзија на C со поддршка за објектно-ориентирано програмирање.
- C# – развиен од Microsoft за .NET апликации и познат како јазик на Unity game engine. Ако ве интересира развој на игри, C# е одличен избор.
Заклучок
Изборот на првиот програмски јазик може да изгледа застрашувачки, но суштината е дека нема погрешен избор.
Кога ќе совладате еден јазик, многу полесно ќе преминете на друг. На пример, ако почнете со C, подоцна лесно можете да учите C++, JavaScript или PHP.
Најважно е – само започнете со учење.
Ако знаете каква позиција сакате (Full-stack developer, Back-end, Front-end, Data Analyst…), интернет ресурсите и праксата ќе ве насочат на вистинскиот пат.
До следното читање,
Ваш EasyPass.