Назад

MUDRO поставување цели

MUDRO поставување цели

окт 2025.

Постави цели МУДРО:
Како со едноставна алатка да поставиш цели. Еве за што се работи. Веројатно си слушнал/а за “SMART” методологијата на поставување цели. Ова е нешто слично, речиси исто, но ова е нашата, македонска верзија. МУДРО е акроним од следните зборови:

М – мерливо
У – во определено време
Д – достижно
Р – релевантно
О – определено

Ќе се согласиш дека е многу лесно да се запамети, а самиот акроним е убава наша збор, МУДРО. Ова беше објаснувањето на поимот, ајде да ти покажам како треба да изгледа твојата цел. Како пример ќе земам полагање на еден предмет, а втор пример ќе биде полагање на одреден колоквиум. Тоа се некаде најчестите цели кои си ги поставуваме, па ајде да видиш како тоа изгледа.


ПРИМЕР 1:

Цел: Полагање на Меѓународна економија

М: Положена Меѓународна економија со освоени поени над 75
У: Положена Меѓународна економија во јануарско–февруарскиот рок
Д: Ќе учам после секое предавање и вежба, за полесна подготовка на колоквиумите
Р: Со полагањето ќе бидам чекор поблиску до чиста година и ќе освоjам 6 ЕСП поени
О: Ќе направам план за учење за полесно одржување на мотивацијата и фокусот


ПРИМЕР 2:

Цел: Полагање на сите колоквиуми од овој семестар

М: Полагање на сите колоквиуми со најмалку минимален број поени
У: Полагање на сите колоквиуми во првите термини
Д: Полагање на половина колоквиуми со резултат над 80%
Р: Со полагањето на колоквиумите ќе имам помалку материјал за испитниот рок и подобро ќе го разбирам наученото
О: Ќе ги следам сите предмети на предавања/вежби и редовно ќе го прегледувам материјалот дома за да бидам подготвен кога ќе дојде проверката на знаењето


Зошто се важни целите

Претходно објаснив како МУДРО да ги поставиш целите, а овде ќе ти покажам зошто се тие толку важни. Без некој посебен редослед, овие се главните причини:

Мотивација:
Целите преку својата атрактивност и значење влијаат на мотивацијата. На пример, ако твојата цел е само да излезеш на колоквиум, тоа не е многу привлечно, но ако си поставиш цел од 80%+ поени, тоа станува предизвикувачки и интересно.

Атракција:
Целите треба да те „возбудуваат“, а не да тежнееш кон нешто што не ти значи. Не ги следи целите на другите — постави ги своите сопствени кои навистина ги сакаш.

Фрагментација:
За да се постигне големата цел, треба да ја поделиме на неколку помали, краткорочни цели. Така, еден голем и можеби застрашувачки план станува полесен за реализација. Со време, ќе сфатиш дека си ја исполнил главната цел без дури и да мислиш на неа секој ден.

Изгорување:
Ако не поставиме краткорочни цели, можно е да се измориме од постојаното размислување за крајната цел. Поставувањето на помали цели ни помага да видиме напредок и да избегнеме губење на мотивација.


Како пример: ако си на факултет со цел да имаш просек над 9,00 и положени испити до јули, наместо паника — постави помали цели. Одреди кои предмети можеш да ги положиш со 10-ки и планирај го остатокот. Тоа е силата на краткорочните цели кои го одржуваат фокусот и спречуваат прегорување.

Веруваме дека ваквото поставување цели значително ќе го олесни учењето, а ако ти треба помош — секогаш можеш да најдеш приватни часови на https://easypass.rs/

Сподели на мрежи