
Како успешно да се одржуваат онлајн часови?
септ 2025.
Како што се менуваат потребите на глобално ниво, најдобрите работи се оние што може да ги работите каде и да се наоѓате. Пандемијата што го зафати целиот свет ги промени нашите секојдневни навики. Ајде да го извадиме најдоброто од оваа ситуација и да пробаме нови начини за работа и учење.
Кои се основните работи на кои мора да внимаваме кога држиме онлајн часови, погледнете во продолжение:
1. Најдете мирно катче за одржување на часот
Иако изгледа очигледно, уверете се дека никој нема да ве прекинува. Известете ги домашните да не ве вознемируваат, исклучете го телефонот и останатите уреди кои можат да ве попречат. Погрижете се вашата позадина да не одвлекува премногу внимание.
2. Проверете ги техничките работи
Иако ви е познато како сè функционира, сепак пред самиот час проверете ја вашата камера, микрофон и звук, како да го споделите екранот, дали уредот ви е наполнет. Нашата препорака за апликации за одржување на часови се Skype и Zoom, двете се бесплатни и многу едноставни за користење.
3. Подгответе материјали
При закажување на час прашајте ги вашите ученици која област треба да се совлада и која е целта на часот. Така најлесно ќе подготвите соодветен материјал, презентација, домашна задача за следниот час, препораки за понатамошно учење и вежбање. Потрудете се наставата да биде интерактивна и да го одржува вниманието на ученикот – така ќе научи побрзо и ќе биде поинтересно.
4. Завршете го предавањето со краток заклучок
Што научивте и на што треба особено да се обрне внимание, како и што да се подготви за (потенцијално) следниот час.
5. Не заборавајте: ентузијазмот е заразен!
Мотивирајте ги учениците и резултатот сигурно нема да изостане. Иако ова е работа, може да се забавувате додека учите други.
#ОстаниДома
Ви посакуваме многу закажани часови на Easypass платформата!