Назад

Подготви се за завршниот тест/приемeн испит

Подготви се за завршниот тест/приемeн испит

окт 2025.

Мај месец (меѓу народот познат и како последниот воз за учење за тестовите што ги очекуваат основците и средношколците) е веќе тука.

Тоа значи дека дојде време да се осврнеме на она што е најважно – Како најдобро да се подготвиме за мала матура или приемен испит?

Не е важно дали веќе се подготвуваш подолго време или дури сега почнуваш со учење – со малку стратешко планирање можеш да го извлечеш својот максимум и да бидеш сигурен/на дека си подготвен/а.

Во овој блог ќе откриеме совети за учење кои ќе ти помогнат да направиш план, да ги задржиш информациите во главата и да излезеш на испитот/ите полн/а со самодоверба.

Ќе опфатиме неколку најважни точки – стил на учење, поставување приоритети и управување со времето.


СТИЛ НА УЧЕЊЕ

Сигурно ти е позната изреката „Сто луѓе – сто ќуди!“.

Кога ни е тешко да разбереме нечиј избор, преференции или однесување, оваа изрека нè потсетува дека сите сме различни и дека тоа е сосема во ред!

Зошто го спомнуваме ова?

Затоа што е важно да бидеш свесен/на дека одреден стил на учење може да одговара на личност А, а да биде сосема погрешен избор за личност Б.

Совет број 1: Размисли кој стил на учење е вистинскиот избор за ТЕБЕ!

Еве прилика да провериш кој стил на учење најмногу ти одговара.

Визуелен стил
Полесно ти е да запаметиш дефиниции или факти ако се претставени со шема или слика што асоцира на зборови од текстот? Најдобро учиш кога материјалот е презентиран со визуелни техники како PowerPoint презентации или дијаграми?

Главната техника на учење што треба да ја користиш: Визуелно претставување на материјалот.

Иако оваа техника може да одземе повеќе време, речиси сигурно ќе запаметиш сè што си си го претставил/а.

Аудитивен стил
Најлесно учиш со слушање предавања, учество во дискусии или размена на идеи? Полесно памтиш информации ако ги слушнеш или ако читаш на глас?

Главната техника на учење што треба да ја користиш: Претворање на информациите од вербално-визуелен во аудитивен домен, на пример снимање на себе или предавач што го изложува материјалот и постојано преслушување.

Тактилен стил
Најдобро учиш нови работи додека ги „работиш“? Не можеш да седиш мирно? Потребата за активност и истражување ти ја одвлекува вниманието?

Главната техника на учење што треба да ја користиш: Комбинирање на активности.

На пример: движење/стоење/слушање музика додека учиш.


Останува уште да размислиш на кој начин ќе постигнеш најдобри резултати:

  • Ако учиш сосема сам/а, дома или во читаоница?
  • Учиш самостојно, но некој друг те проверува?
  • Со пријател или група што се подготвуваат за ист тест како и ти?
  • Со помош на приватен професор?

Нема правилен или погрешен избор кога станува збор за стил на учење, исто како што нема погрешен избор на „друштво“ за учење. Важно е само да сфатиш што најмногу ти одговара.

Искуството покажа дека учениците најчесто комбинираат различни начини на учење, особено самостојно учење и дополнителни часови.

Ако и ти се препознаваш во оваа група, можеш да најдеш приватен професор за себе ТУКА.


ПОСТАВУВАЊЕ ПРИОРИТЕТИ

Совет број 2: Распореди го времето паметно!

Ако ја завршуваш основното образование пред тебе е голема задача. Треба да се подготвиш за три теста – тест по македонски јазик, тест по математика и комбиниран тест.

  • Приватни часови по математика
  • Приватни часови по македонски јазик

Ако се подготвуваш за приемен испит на факултет, голема е веројатноста дека приемниот испит ќе се состои од два или повеќе тестови од различни области.

  • Приватни часови по биологија
  • Приватни часови по физика
  • Приватни часови по хемија

Дали треба да посветиш исто време за секој тест?

Условно речено, одговорот е – не.

Ова е честа грешка што ја прават учениците при подготовка за завршни тестови и приемни испити. Му даваат еднакво значење на сите тестови, иако (најверојатно) нема реална потреба за тоа.

Дали претходните години на некои предмети им посветуваше повеќе внимание, а на некои помалку? Или едноставно некои области ти оделе подобро од други? Дали во просек имаше подобри резултати по некои предмети?

Одговорите на овие прашања ќе ти помогнат поефикасно да го распоредиш времето и да издвоиш повеќе таму каде што навистина е потребно.


УПРАВУВАЊЕ СО ВРЕМЕТО

Со други зборови #WorkSmarterNotHarder.

Целта е да направиш распоред со кој ќе постигнеш што повеќе за што помалку време – дури и кога времето е ограничено, а притисокот голем.

Совет број 3: Направи дневен, неделен и месечен план за учење.

Што треба да земеш предвид кога правиш дневен распоред?

  • Колкава количина материјал сакаш да совладаш за еден ден
  • Колку часови во текот на денот можеш да посветиш на активно учење
  • Колку часови неделно треба да издвоиш за повторување
  • Во кој дел од денот си најодморен/а и кога ти е концентрацијата највисока
  • Дали ќе се фокусираш на еден предмет дневно или на повеќе

Потсетник: Важно е да имаш план, но исто така е важно да се придржуваш кон него.

Тоа е единствениот начин да го следиш својот напредок и истовремено да бидеш одговорен/на кон себе.

Сега останува само да ти посакаме многу среќа!

До следното читање,

Твој Easypass.

Сподели на мрежи