Назад

Како да напишете CV кој сите ќе сакаат да го прочитаат – Втор дел

Како да напишете CV кој сите ќе сакаат да го прочитаат – Втор дел

септ 2025.

Како да напишете CV кој сите ќе сакаат да го прочитаат – Втор дел

Во овој блог те запознаваме со концептот на дизајнирање на CV, веб-сајтови каде што можеш бесплатно да го изработиш својот CV, како и визуелни примери на кои можеш да се угледаш.

Претпоставуваме дека ги знаеш техничките правила за пишување CV (доколку ти треба потсетник, можеш да го најдеш ОВДЕ).

Што се однесува до изборот на соодветна фотографија, во претходниот блог пишувавме за класичната поза за фотографија (рамениците опуштени, брадата подигната кон камерата, горниот дел на телото свртен дијагонално, додека главата останува свртена кон камерата).

Подолу ти оставаме неколку добри и лоши примери за фотографија за CV.


Преземено од www.easyresume.io

Почнуваме со бесплатни веб-сајтови за правење CV.

Canva

Како да направиш CV во Canva?

  1. Отвори Canva и направи бесплатна сметка
  2. Кликни на “Create your own resume”

Пронајди соодветен шаблон
Од левата страна се отвора секција која содржи повеќе од стотина професионално дизајнирани шаблони. Canva ти нуди опција да избереш стил кој најмногу ти одговара (модерен, едноставен, корпоративен…), како и индустрии како глума, графички дизајн или едноставно внеси во полето за пребарување она што го бараш.

Забелешка: Само шаблоните кои немаат ознака “Pro” можат бесплатно да се преземат.

Еве неколку примери на CV-а што ги нуди Canva.


Преземено од www.canva.com

Персонализирај го твојот CV
Откако ќе избереш шаблон, следниот чекор е да го прилагодиш на твоите потреби.

Основните опции што ти стојат на располагање се: промена на фотографија, промена на фонт, текст и боја. Ако си задоволен со дизајнот, доволно е само да го измениш текстот и да ставиш своја фотографија.

Canva е доста едноставна за користење. Ако сакаш да направиш повеќе измени, лесно ќе се снајдеш и со напредните функции.

Зачувај CV
Како да зачуваш CV? Избери File → Download.

Canva ти овозможува да го зачуваш дизајнот како PDF, JPG или PNG датотека.

Забелешка: Можно е за одреден бесплатен дизајн Canva да не ти даде опција “Download”, туку “Download a free watermarked draft”.

Преземи го CV-то преку оваа опција, а потоа провери дали некаде пишува Canva. Доколку пишува, врати се во дизајнот и избриши го тој елемент. Потоа повторно зачувај.


CakeResume

CakeResume е уште еден бесплатен веб-сајт за правење CV.

Потребно е да направиш сметка и потоа да пронајдеш шаблон што ти се допаѓа.

Најголемата предност на овој сајт е што под опцијата “CV Examples” има примери за конкретни позиции, како и детални објаснувања како да се напише CV за секоја позиција.

Подолу ти оставаме неколку примери на CV-а што можеш да ги најдеш на CakeResume.


Преземено од www.cakeresume.com

Забелешка: CakeResume овозможува да направиш еден бесплатен CV. Затоа ти препорачуваме да преземеш основен шаблон кој потоа ќе можеш да го менуваш и користиш за различни позиции.


Други проверени веб-сајтови

NovoResume
Интерфејсот на NovoResume е многу едноставен. Направи сметка, избери шаблон и пополни ги податоците. CV можеш бесплатно да го преземеш сè додека користиш основни функции (Basic account).

Standard Resume
На Standard Resume можеш да ги увезеш податоците од LinkedIn, што е одлично за сите што имаат среден LinkedIn профил. Исто така, можеш да го уредуваш CV-то преку мобилен телефон.

И тука е потребна регистрација, а бесплатна е само основната верзија.

Indeed
Indeed е веројатно најбрзиот креатор на CV од сите. За да го преземеш, треба да направиш сметка со е-маил и лозинка. Предност е што никогаш нема да бара надградба за повеќе опции – основната верзија е секогаш достапна.


Остана само да ти покажеме пример за добро и лошо напишан CV.

Ќе забележиш дека главната разлика е во прегледноста.


Преземено од www.resumekraft.com

Се надеваме дека овој блог ти беше од корист.

До следното читање,

Твој EasyPass.

Сподели на мрежи