Назад

7 Начини како да се подготвиш за приемен испит

7 Начини како да се подготвиш за приемен испит

септ 2025.



Доаѓа времето кога се приближуваат приемните испити. Време кога размислуваш како да се подготвиш, како ќе изгледа испитот, дали ќе успееш да се спремиш и положиш. Одговорот на сето тоа можеш да го дадеш само ТИ, со наша помош.

Во продолжение претставуваме 7 совети како да се подготвиш и да го совладаш приемниот испит. Па да почнеме:

1. Стави го фокусот на учење

Нека учењето ти биде приоритет, а сите останати обврски испланирани во однос на тоа. За процесот на учење избери соодветна просторија која ќе ти помогне да се концентрираш и ќе те стимулира за работа. Исклучи го телефонот и замоли ги членовите на семејството, пријателите или цимерите да не те вознемируваат во тој период.
Доколку си под стрес, нешто те изнервирало или ти ја одзема вниманието за време на учењето, нашиот совет е да направиш пауза. Во спротивно, само ќе ја зголемиш тензијата, а нема да успееш ефикасно да го совладаш материјалот. Ограничете ја паузата на кратко време, прошетај, освежи се и потоа назад на учење.

2. Разговарај со пријатели кои исто така се подготвуваат за приемен

Разговорот со пријателите може да ти помогне да решиш дел од дилемите што ги имаш. Размената на искуства може да влијае на твојата мотивација, може да ти помогне да најдеш решенија за побрзо и поефикасно совладување на материјалот.
Секако, мора да знаеш со кого разговараш. Ако познаваш некој кој веќе се запишал во училиштето или факултетот кој ти го посакуваш, разговарај со таа личност.

3. Симулирај испит

Симулацијата е одлична вежба. Направи симулација на приемниот испит – зошто да не? Тоа можеш да го направиш сам/а или со некоја друга личност.
Ако одлучиш да работиш сам/а, намести тајмер на одредено време. Како на вистински приемен одработи тест, без мамење и во тој временски рок. После тоа, провери што си направил/а, спореди со точните решенија и исправи ги грешките.
Ако работиш со другар или другарка, изберете си прашања или задачи еден на друг. Погледнете ги резултатите и поправете ги грешките заедно.
Една од апликациите која може да ти помогне при упис на факултет или високо училиште е Maturang. Таму можеш да најдеш профили на факултети и тестови од претходните години.

4. Внимавај што јадеш

Каква врска има храната со учењето и приемниот? Има – и тоа голема.
Одредени видови на храна имаат позитивен ефект врз мозокот и размислувањето. Некои од намирниците што можат да ти помогнат поради своите нутритивни состојки се: бобичесто овошје, јаткасти плодови, какао, темно чоколадо, јајца, авокадо, риба, брокула… Во периодот на постојано учење обрни внимание на исхраната и вклучи токму такви намирници во твоето мени. Обиди се да избегнуваш грицки и газирани пијалаци.
Не заборавај да пиеш вода. Водата го хидрира организмот и ја подобрува концентрацијата.

5. Прави паузи

Обиди се да учиш со Pomodoro техниката која ќе те натера да се организираш подобро, да правиш почести паузи и поефикасно да учиш. Линк до детално објаснување на оваа техника пронајди овде.

6. Пронајди ментор

Сè е полесно кога имаш некого покрај себе. Менторот ќе ти помогне полесно да го совладаш материјалот. EasyPass ти нуди голем избор на професори кои можат да ти помогнат и за кратко време да ти објаснат сè. Подготовката за испит не мора да биде напорна и тешка. Закажи час и реши ги сите маки веднаш.

7. Веруј во себе

Постави се во позиција како да веќе си положил. Размислувај за сите бенефити и како ќе се чувствуваш кога ќе го оствариш својот сон. Секогаш верувај во себе дека можеш и остани позитивен/на (но не на Корона вирус 😀).


Дали ги применуваш овие методи и како изгледа твојот процес на подготовка? Сподели со нас за и другите да научат од твојот пример!

Организацијата е клуч.

Бидејќи најтешко е да се започне, а потоа да се одржи континуитет – побарај помош од искусни професори кои ќе ти олеснат многу, ќе те упатат и ќе ги решат дилемите.

Закажи час веднаш!

Сподели на мрежи