
5 совети како да вежбате брзо читање
окт 2025.
Свесни сме дека пред вас има многу обврски кои бараат доста читање како што се подготовка за испити, лектира или дури и во слободно време блогови. Секој од нас би сакал некоја книга или лекција да ја прочита побрзо, а за тоа е потребна посебна техника. Затоа во остатокот од блогот ви подготвивме 5 совети за да вежбате брзо читање со цел да ја зголемите вашата продуктивност.
Не повторувајте читање на зборови
Пред да продолжиме понатаму со текстот, важно е да се запознаете со еден од најголемите проблеми со кои се соочуваме при читање, повторното читање. Понекогаш не сме свесни дека го правиме тоа, бидејќи мислиме дека не сме целосно разбрале одреден збор или реченица или сакаме подлабоко да го разбереме контекстот. Решението за ова е многу едноставно, можеби на прв поглед детинесто, но повлекувањето на прстот под текстот што го читате ви го зголемува фокусот и меморијата, како и континуитетот при читање. Така како што несвесно се враќавте на текстот, сега потсвесно ќе продолжите да читате без враќање назад. Овој „проблем“ е многу важно да се надмине за да може да ја користите техниката на периферното гледање.
Користете ја техниката на вовлекување
Техниката на вовлекување е всушност поинакво име за користење на периферниот вид при читање. Овој пристап ќе го применувате така што нема да читате збор по збор и да се фокусирате само на еден збор, туку ќе читате цел ред одеднаш. Гледајќи во средината на редот, со периферното гледање можете да го видите остатокот од редот и практично да го „скенирате“ текстот што го читате. Една од придобивките на оваа техника е тоа што, секако преку вежбање, мозокот учи да ги чита клучните зборови, па на крајот на страната или текстот ќе сфатите дека сте ја разбрале поентата.
Намалете го внатрешниот говор
Внатрешниот говор или стручно – субвокализација е сигурно фактор кој најмногу влијае на брзината на читање. Ова е начинот на кој повеќето од нас читаат – „изговарање“ на зборовите во глава и на тој начин го успоруваме читањето, кое во просек е 300 зборови во минута. Нашиот мозок и очите побрзо обработуваат зборови од јазикот, па со решавањето на овој „проблем“ може и двојно да се забрза читањето. Ако сте некој што има внатрешен говор, ова може да биде тешко за совладување. Најлесниот начин е да станете свесни за внатрешниот говор и да ја одвлечете вниманието – тоа можете да го постигнете со следење на текстот со прст, слушање музика или џвакање гума.
Одмор како алатка
За да можете да читате брзо, ви е потребен фокус. Нашиот мозок почнува да се „заморува“ веќе по 20 до 30 минути и фокусот почнува да паѓа. За да го зголемите својот фокус при читање и со тоа да го забрзате читањето, потребно е да правите кратки и ефикасни паузи. Една од најефективните техники за управување со времето што може да ви помогне е „помодоро техниката“ за која повеќе можете да прочитате на нашиот блог со клик тука.
Читајте повеќе
Кај читањето, како и кај другите активности, мораме да вежбаме за да станеме подобри. Најдобриот начин да вежбате брзо читање е да читате повеќе. Не само што повеќе читање ќе ви помогне во брзината, туку ќе создадете една корисна и здрава навика со која можете да учите, да се развивате и да ги проширувате своите видици.
Брзото читање е секако незаменлива алатка кога станува збор за квалитетно учење, но не заборавајте да ја пронајдете вашата брзина и да уживате во читањето. Ако доволно читате и со помош на советите што ви ги дадовме во овој блог, брзината ќе дојде со текот на времето. Литературата треба да се користи за учење или уживање, а не за чиста консумација.
Применете ги овие 5 техники и споделете го вашиот напредок со нас!