
- Одржани часови
- 1
- Ученици
- 1
- На EasyPass од
- 2026
500ден 45мин
Достапност
Оквирен распоред за наредните 7 дена. Допрете зелено поле за да изберете точен термин.
За мене
Уште од мали нозе кај мене постои љубов кон минатото и науката која го проучува, величестената Историја. Токму таа љубов кон минатото, која ја негувам цел живот, денес ја преточувам во професионални, интересни и лесно разбирливи приватни часови по историја, прилагодени на потребите за секој ученик.
Мојата цел не е само сувопарно паметење на години и историски настани, туку низ интерактивен пристап и приказни да им помогнам на учениците навистина да го разберат и засакаат материјалот, да ги подобрат оценките или успешно да се подготват за тестирања. Сакам да им помогнам на учениците да разберат како минатото го обликува светот во кој живееме денес.
🎓 Што нудам
- Помош со редовниот наставен материјал за основци и средношколци.
- Темелна и системска подготовка за државна матура по историја.
- Изработка на есеи, проектни задачи и подготовка за натпревари.
Начин на одржување
- Онлајн (преку Zoom / Microsoft Teams) – достапно за цела Македонија.
- Со физичко присуство (по договор, кај мене или кај вас).
⏱️ Времетраење и цена
- Час од 60 минути - 450 денари
- Час од 90 минути - 600 денари
Со почит,
Златко Јовановски, дипломиран историчар и професор по историја.
Предмети
Часови за возраст
- Основно училиште (1-4) одделение
- Основно училиште (5-8) одделение
- Средно училиште
Образование
Филозофски факултет
Сертификати
Дипломиран професор по историја
Рецензии
0 рецензии од ученици
Уште професори: Историја
Сите професори →500ден 45мин


